EN
Почетна Технологии За нас Започнете проект

Политика за приватност

Последна измена: 7 октомври 2026

Кој ги обработува податоците

Estada, веб студиото на Андреј Трендов од Струмица, Северна Македонија. За сè што е поврзано со вашите податоци пишете на atrendov1@gmail.com.

Што собираме

Кога ја пополнувате формата за контакт: вашето име, е-пошта, видот на услугата што ве интересира и пораката. Задолжителни се само името и е-поштата.

Зошто

Само за да ви одговориме и да разговараме за проектот што го опишувате. Податоците не ги користиме за рекламни пораки и не ги продаваме.

Кој друг ги обработува

Пораката се испраќа преку Resend, услуга за испраќање е-пошта, до сандачето на Estada кај Gmail (Google). Двете компании ги обработуваат податоците и надвор од Северна Македонија, вклучително во САД, само за да ја достават и чуваат пораката.

Колачиња и логови

Сајтот поставува едно техничко колаче за сесија, потребно за безбедносната заштита на формата. Нема колачиња за следење, аналитика или реклами.

Серверот води технички логови (IP-адреса и време на барањето) за безбедност и заштита од спам. Кога ја испраќате формата, логот ги содржи и вашето име и е-пошта.

Колку долго

Пораките ги чуваме додека се потребни за кореспонденцијата и за проектот. Во секое време може да побарате да се избришат.

Вашите права

Според Законот за заштита на личните податоци имате право да побарате пристап до вашите податоци, нивна исправка или бришење, и да се спротивставите на обработката. Пишете на atrendov1@gmail.com.

Ако сметате дека податоците се обработуваат незаконски, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Веб-сајтови и производи, одржани онлајн.

Estada, Струмица, Северна Македонија atrendov1@gmail.com
Политика за приватност

© 2026 Estada. Сите права задржани.